Србија има убедливо најевтина цена на лебот на Балканот. Па така, популарниот леб „сава“ чини 49 динари, односно околу 20 денари.

За разлика од Србија, во речиси сите земји во регионот цената на овој основен продукт е повисока. Во Црна Гора тој чини 80 центи, во Хрватска едно евро, во Македонија 40 денари.

Највисока цена има во Грција каде чини во просек две евра.

Ниската цена на лебот во Србија се должи на тоа што оваа земја има огромни количини на пченица.