Грција планира да ги укине карантинот следната недела за патниците од Европската унија и уште пет други земји. Веста за Ројтерс ја потврди висок владин функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Според него, на граѓаните од ЕУ, САД, Велика Британија, Србија, Израел и Обединетите Арапски Емирати ќе им биде дозволено да патуваат во Грција преку аеродромите во Атина, Солун, Ираклион, Ханоти, Родос, Миконос, Санторини, Крф и два земни гранични премини.

Патниците од овие земји нема да бидат ставени во карантин, доколку имаат сертификат со кој се докажува дека примиле две дози вакцина COVID-19 или покажат негативен молекуларен тест (PCR) направен 72 часа пред нивното пристигнување. Во март властите го укинаа карантинот за израелски патници кои ги исполнуваат овие услови.

Министерот за туризам, кој потврди во парламентот дека Грција ќе го отвори својот туристички сектор на 14 мај, реферираше за разговорите што ги водел со многу балкански земји за пристигнување на туристи, покрај Албанија, Косово и БИХ. „Посетив многу земји во последните неколку недели и повеќето – ако не и сите – беа заинтересирани за Северна Грција, имено Романија, Србија. „Разговарав и со министерот за здравство на Северна Македонија за детално да го објаснам нашиот план како повторно ќе го отвориме туризмот и секако како тоа ќе се случи на границите меѓу нашите земји“, рече министерот Харис Теохарис.

Во меѓувреме, според министерот за вработување, ќе започне процесот на вакцинација за туристичките работници, особено на островите. Секој вработен во продавници за малопродажба, супермаркети, самопослуги, испорака, козметички салони, фризери и услуги за коцкање и обложување ќе добие бесплатен тест секоја недела и доколку се покаже дека е негативен, ќе продолжи да работи, во спротивно ќе се следи познатата постапка и ќе има парични казни за оние кои не пријавуваат позитивни случаи.