Победникот на изборите во Косово, Албин Курти отсекогаш бил антиамерикански настроен, вели поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел.
Вели дека лидерот на Самоопределување во конкретни случаи бил против четворица поранешни американски претседатели, Бил Клинтон, Џорџ В Буш, Барак Обама и Доналд Трамп, додавајќи дека ќе му се спротивстави и на сегашниот лидер на САД, Џо Бајден.
Албин Курти беше против Бил Клинтон во Рамбује, беше против Буш во Виена, беше против Барак Обама и (тогашниот потпретседател на САД) Бајден по прашањето за демаркација на границата. Курти беше против Доналд Трамп по прашањето за нормализирање на економските односи (со Србија). Тој повторно ќе биде против Бајден. Курти е постојано против Америка, вели Гренел.
Comments are closed for this post.