„На пролет ја отвораме границата со Косово според режимот на Шенген зоната, а наскоро истото ќе се случи и со Македонија и Црна Гора.“
Ова го изјави албанскиот премиер, Еди Рама, на состанок со амбасадорите во земјата, пренесе „Коха диторе“.
„Тоа што ќе го направиме е многу едноставно. Го зедовме принципот на Шенген, го преведовме од почеток до крај, започнавме многу детален технички процес помеѓу албанското МВР и Косово за да ја гарантираме слободата на движење што денес е апсурдна, не доведувајќи во прашање ниту еден стандард на гаранциите што ги даваме како земја која е дел од визната либерализација“, изјави Рама.
Рама на состанок со амбасадорите во земјата најави дека Шенген системот набрзо ќе се воспостави и со Македонија, а изрази надеж дека во блиска иднина тоа ќе се случи и со Црна Гора.
Comments are closed for this post.