По речиси една година од убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ во Митровица познати се нови детали. Иако косовските власти тврдеа дека во тој дел од градот во моментот на убиството камерите не снимале, очигледно не е така.

„Српски Телеграф“ дојде до фотографии непосредно по ликвидацијата од сигурносните камери на една амбасада.

На нив јасно се гледа дека Оливер е убиен пред партиското седиште и дека прва приоѓа жена од соседната куќа. Во тој момент, додека Ивановиќ лежи на тротоарот приоѓаат од канцеларијата на неговата партија но и локалнен полицаец кој ги допира чаурите.