Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека нема услови за негова посета на Франција, каде што треба да се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и да зборуваат за укинување на ветото за преговорите на Македонија со ЕУ.

Според Радев, последна инстанца секогаш е народот и порача дека секогаш постојат уставни механизми за негово консултирање, па така најави дека би можеле да организираат референдум за прашањето за ветото.

Досега единствена бугарска партија која побара референдум е опозициската ВМРО-БНД.