Не сакам бугарски Мадуро да не води кон режимот во Венецуела. Ние треба да се вброиме во развиените демократски општества какви што несомнено се ЕУ и САД, изјави првиот човек на парламенатарната група на владејачката ГЕРБ, Цветан Цветанов, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, претседателот Радев ја води Бугарија далеку од нејзиниот евроатлантски пат и е редно да се каже дека „живееме во најубавото место во светот, Европа“.

Реакцијата на Цветанов уследи по настапот на бугарскиот претседател на средбата на деветте земји-членки на ЕУ и НАТО од Југоисточна Европа посветена на енергетската (не)зависност од Русија и состојбата и настаните во Црното Море.