Заменик- помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер вели дека „во преговорите меѓу Србија и Косово не станува збор за тоа дали ќе се променат границите или не, туку станува збор за признавање”, нагласувајќи дека „Косово треба да ги укине или суспендира таксите, бидејќи тие се препреки за напредок во преговорите “.

Палмер на вчерашниот панел посветен на Југоисточна Европа на економскиот форум во Делфи, исто така, рече дека „Србија треба да го признае Косово како независна и суверена држава, а тоа истото да го направи и Косово”.

Палмер, одговарајќи на прашање на модераторот на панелот Јован Ковачиќ за тоа, која е навистина позицијата на САД за преговорите меѓу Приштина и Белград, прво констатира дека „постои погрешно разбирање на американската позиција”.

-САД сакаат да помогнат во она што самите актери сакаат да го направат. Преспанскиот договор беше успешен, бидејќи лидерите на двете страни го сакаа тоа. Ние сакаме тоа да се случи во преговорите меѓу Белград и Приштина и договорот да го прифатат и Белград и Приштина. Нема црвени линии, но нема ниту бланко чекови, рече заменик-помошникот државен секретар на САД