Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на почетокот на октомври во Москва.
Двете држави подолго време ја планираа средбата, која доаѓа во период на високи очекувања од преговорите меѓу Србија и Косово. Претходната нивна средба се случи во мај во Москва, каде Путин и Вучиќ ги договорија деталите за српската набавка на модерно руско вооружување.
Вучиќ му се заблагодари на рускиот амбасадор во Србија Александар Чепурин за неговиот ангажман за организирање на средбите и за високото ниво на односите меѓу двете земји
Comments are closed for this post.