На 8 мај 1980 година, Јосип Броз Тито не беше погребан со дијамантскиот прстен што го носеше на раката 42 години, од 1938 година, спротивно на неговата сопствена желба и верувањата на неговите најблиски роднини.

Прстенот, чиј дијамант само се проценува на околу 250.000 долари, не сметајќи го фактот дека припаѓал на исклучителна историска личност, која многукратно ја зголемува неговата вредност, е украден и преку водачите на Земунскиот клан  Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум  продааден на познат хрватски криминалец.

Прстенот завршил во Хрватска, кај локален криминалец а всушност моќен дилер на дрога. Тоа се случило во 1998 година, а прстенот го платил 55.000 долари, додавајќи и џип гранд чироки.

Продавачот тогаш, како што додава, имал еден посебен услов пред продажбата: прстенот, кој имал дијамант од 5,35 карати, морал да се преобликува за да не може да се препознае

-Тој купувач, хрватски мафијаш, се согласил на тоа и го направил во Амстердам, каде што златарите го преобликувале од првобитниот квадрат во тркалезна форма. Тој исто така додал два црвени скапоцени камења на страна и ред бели дијаманти околу работ. Така, по повеќе од половина век, познатиот Титов прстен добил нов облик.