Сè пука од луксуз во вилата на министерот за одбрана Небојша Стефановиќ, која има околу 1.000 квадратни метри. Вредноста на куќата e oколу 3,2 милиони евра.

Стефановиќ претворил две куќи во една со пробиен ѕид меѓу нив. Создадена е подвижна библиотека, има двојни врати, на кои се направени полици.

Креветот во спалната соба е Ралф Лорен, витрините се од американски орев,столовите чинат дури 14.000 евра. Кожна фотелја, која штотуку е отпакувана, чинела малку помалку – велат извори.

Министерот само за мебел потрошил околу 120.000 евра а во куќата има теретана и базен.