Европската комисија предложи нови седум земји, меѓу кои и Саудиска Арабија, на црната листа на Европска унија со имиња на земји кои не се борат доволно против перењето пари и финансирање на тероризмот.

За усвојување на листата, 28. членки на Европската унија имаат најмногу два месеци.

Од листата е тргната Босна и Херцеговина, како и Гвајана, Уганда и Ванату, пренесува Ројтерс.

Неколку земји од ЕУ, но и САД негодуваа заради ставањето на некои држави, а посебно Саудиска Арабија, на листата заради нејзините економски интереси.

Освен Ријад, на листата се додадени Панама, Нигерија и четири американски територии – Американска Самоа, Американските Девствени острови, Порторико и Гуам.

На листата се и Либија, Боцвана, Гана, Самоа, Бахами, Абганистан, Северна Кореја, Етиопија, Иран, Ирак, Пакистан, Шри Ланка, Сирија, Тринидат и Тобаго, Тунис и Јемен.