Мирсад Кериќ, музичар кој бил зад воланот на автомобилот во кој загина Шабан Шаулиќ е во тешка состојба, а лекарите се борат за неговиот живот.

Според информациите на германската полиција која ги дала на надлежните во Србија, музичарот Кериќ, кој го возел настраданиот пејач е во тешка состојба и тамошните лекари прават сé да го спасат неговиот живот.

Тој како и Шаулиќ тешките повреди ги здобил при сударот со „мазда“, која според сведоштвата, ја управувал 34 годишник во алкохолизирана состојба и тоа без возачка. Пијаниот возач поминал со полесни повреди.

Шаулиќ во колата се наоѓал со музичарот Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ кому му се скршени ребрата.

До сударот дошло околу 6:50 часот на патот А2 во правец кон Дортмунд, а од силината на ударот двата автомобили слетале од коловозот и удриле во банкина. Пожарникарите и спасувачите ги извлекле повредените од возилата и ги префрлиле во возила на итната помош.