Косовската Влада донесе одлука за отпочнување подготовки за приватизација на „Косово Телеком“, објави порталот „Приштина Инсајд“.

Порталот потсетува дека ова е трет обид на Владата во Приштина за продажба на „Телекомот“, по двата неуспешни обиди во 2011 и 2013 година.

Косовскиот министер за екномија и развој Валдин Љука на Фејсбук објави дека побарал од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) да се вклучи во процесот на приватизација на Телекомот, што би опфатило и помош во реструктурирање на компанијата со цел подобрување на нејзините перформанси.

На сите јасно им ставив до знаење дека пред каква и да било одлука за приватизација, приоритет е подобрување на перформансите и праксата на компанијата, додаде Љука.

Според него, ЕБРД изразила подготвеност да пружи помош во реструктурањето на Телекомот, преку доделување на кредит од 25 милиони евра и изработка на план за приватизација на компанијата.

„Приштина Инсајд“ посочува дека интерес за купување на „Косово Телеком” покажале „А1 Телеком Австрија“, француската „Оранж“, чешката „Рокaвеј Кепитал“ и американската „Артилери Уан“.