При рутинска проверка на камион, на преминот Градишка на границата со Хрватска, босанските власти открија и запленија 400 килограми сканк.

Дрогата била ставена во картонски кутии а пријавено било дека камионот превезува обувки за Германија, соопшти Управата за индиректно оданочување на БиХ.

Камионџијата пријавил дека превезува обувки за Германија

Во соопштението се посочува дека во врска со овој случај, полицијата ги привела возачот на камионот и неговиот совозач, под сомнеж за обид за шверц на наркотици.

Марихуаната била поставена во картонски кутии