Православните верници денеска го слават Св. Димитрија, христијански маченик кој се смета за заштитник на градот Солун.

Пресинг ТВ го посети храмот во Солун кој го носи неговото име и се увери дека во црквата има некоја чудотворна моќ која на верниците им дава некое посебно чуство на мир и спокојство

Храмот датира од времето кога градот бил втор по големина во Византиската империја, а денеска е на листата на светско културно наследство од УНЕСКО.

За време на отоманската окупација, црквата била претворена во џамија. Била муслимански храм се до 1912 година, а пак  во 1917 година храмот бил целосно бил опожарен. По реставрацијата  бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад со крвта на Димитрија.

Фото Пресинг ТВ

Легендата вели дека моштите на светителот биле скриени во крипта и дека имало мироточение. Поради тоа верување, и денеска на денот на Светецот, ковчегот со моштите се отвора и на верниците им се раздава памук исполнет со ароматична течност.

Кога екипата на Пресинг Тв го посети храмот, ковчегот со моштите не беше отворен, но верниците со памук и хартиени марамчиња поминуваа по рабовите и на нив имаше чудна течност и миризба.

Во црквата секој може да си наполни светена вода, се продаваат сувенири и реликвии, а пак, за свеќи секој остава пари колку смета дека треба да остави.