Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека одржување предвремени парламентарни избори оваа година не е во интерес на Косово, иако, како што нагласи, нагласи неговата Алијанса за иднината на Косово (ААК) „никогаш не била поподготвена за нови избори“.

Харадинај во интервју за „Епока е Ре“ наведува дека 2019 година нема да биде лесна за Косово, затоа што, како што изјави, ќе се соочи со процесот на дијалог со Србија и со Специјалниот суд за воени злосторства на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК).

Премиерот ги повика двете најсилни опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), да се приклучат во процесот на дијалог, нагласувајќи дека „никој не треба да се плаши од тој процес“.