Мајката на малиот Коста тврди дека нејзиниот сопруг сметал дека треба да го освести синот за опасностите од оружјето и затоа го носел во стрелиште.

Мајката во сведочењето раскажала и како нејзиниот сопруг, таткото на момчето, чувствувал дека треба да го запознае синот со опасностите од оружјето, бидејќи имал негативно искуство во младоста.

Мајката тврди дека не се согласувала момчето да оди на стрелиште, но дека не се сомневала во размислувањето на нејзиниот сопруг, како татко, и во неговите добри намери. Таа додала дека нејзиниот сопруг сакал да му укаже на опасноста од оружјето на неговиот син, а во исто време да му покаже како функционира, од причина што оружјето „не би било егзотично и предизвикувачко“ за момчето. Момчето двапати отишло на стрелиште со татко му и пукало, -се  вели во истрагата.