Финскиот адвокат Симо Пиетилаинен, кој неколку години работеше во мисијата на ЕУЛЕКС во Приштина, тврди дека на Косово цветаат криминалот и корупцијата, политичарите се поткупливи и дека важи принципот на крвна освета.

Во косовските судови постои висок степен на корупција. Освен злосторствата од омраза постојат и убиства од крвна одмазда. Граѓаните не веруваат во правниот систем и во институциите. Има висока невработеност и инвестиции и затоа луѓето имаат бескрајна жеба да побегнат во странство-вели адвокатот.