Екипата на Дарко Шариќ на апликацијата Скај ги имале прекарите „Корлеоне“, „Кронос“ и „Феникс“.Преку оваа заштитена апликација го договориле убиството на Милан Миловац Цигла во Еквадор.

Миловац беше убиен во Еквадор во класична „сачекуша.

Оваа група ги имала сите детали за движењето на Миловац во Еквадор, дури и колку време поминува во теретана секој ден, кои автомобили ги вози, а потоа биле ангажирани две лица да го ликвидираат.

– Планот беше да го убијат во болница, како и да ги елиминираат полицајците кои го обезбедуваат. За ова ангажирале Колумбијци, а планот не се реализирал бидејќи еден од нив бил уапсен. Миловац потоа бил пуштен на домашно лекување.

Починал поради компликации на 11 јануари 2021 година – стои во документот на хрватското обвинителство