На грчките магистрали утре нема да се наплаќа патарина поради одржувањето на изборите.Ова се прави со цел да им се олесни движењето на избирачките одбори во текот на изборниот ден.

Министерот за инфраструктура Христос Спиридис објасни дека оваа мерка ќе важи од сабота на полноќ до  8 часот наутро во понеделник.