Црна Гора е лидер по зависници од игра на среќа, пишува весникот „Дан“. Според нивното истражување 50 отсто од жителите на Црна Гора игра кладилници или се коцка, а повеќе од десет отсто имаат проблем со оваа зависност.

Според психолозите, причина за тоа е големата достапност до игрите на среќа кои се наоѓаат буквално во секој ќош. Ширум Црна Гора има 1200 автомати, 70 рулети и стотина обложувалници.