За време на упадот на припадниците на специјалните полициски сили на Косово (РОСУ) на северот на Косово, во кој беа уапсени 19 Срби, а повредени беа преку 100 луѓе, косовските специјалци направија неверојатна невнимателност.

Како што објавува „Вечерње Новости“, за време на акцијата, неколкумина од старешините на РОСУ загубиле доверливи документи во кои се наведени детали за оперативниот план на упадот, како и имиња и презимиња на специјалците заедно со ниви телефонски броеви.

Како што пренесуваат извори на весникот, овие доверливи документи биле пронајдени од граѓани, а во нив имало и фотографии и лични податоци за Србите во Косовска Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток, што биле на мета на полициските специјалци.

Како што пишува весникот, овие документи ќе бидат проследени за да послужат за детално разјаснување на акцијата што речиси беше причина за воен конфликт, а беше изведена под изговор дека станува збор за борба против корупцијата и криминалот.