На седницата на ратификацијата за членство на нашата земја за членство во НАТО во албанскиот парламент се обрати и премерот Еди Рама, кој високо ги оцени односите меѓу двете земји и ја нагласи подршката на Тирана за Скопје.

Не можам да го сокријам задоволство што овој момент се совпаѓа со златен момент во меѓуетничките односи во земјата,во што владејачко мнозинство игра важна улога. Без Албанците не би постоела Северна Македонија, а за Албанија територијалниот идентитет на Северна Македонија не само што е неприкосновен, туку е од витално значење и за нашата сегашност и за нашата иднина, мирот и стабилноста. Нашата улога во овој историски процес беше поддршката. Мирната ситуација е првенствено заслуга на албанските политички лидери таму и премиерот визионер Зоран Заев, кого го поздравувам, рече Рама.