Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објави дека е позитивен на коронавирус, додека земјата го бележи најсмртоносниот ден од почетокот на епидемијата!
Тој се чувствува добро, а своите активности и обврски како претседател на владата ќе ги врши од дома.
Пленковиќ веќе беше во самоизолација, откако ѝ беше дијагностициран ковид-19 на неговата сопруга.
По појавата на малку покачена температура, сопругата на претседателот на хрватската влада во саботата се тестираше, по што ѝ стигна позитивен резултат.
„По препорака на епидемиолог, премиерот Андреј Пленковиќ во понеделникот повторно изврши тест за коронавирус и неговиот тест беше позитивен. Претходно му беше дадена епидемиолошка мерка за самоизолација, а сега му е дадена 10-дневна мерка за изолација.
Во моментов се чувствува добро. Продолжува да ги извршува своите активности и обврски од дома, и ќе ги следи сите упатства на лекарите и епидемиолозите “, рече владиниот портпарол.
Comments are closed for this post.