Парламентот на Словенија денеска ќе гласа за доверба на Владата на премиерот Јанез Јанша.

Опозицијата ја обвинува Владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на земјата, вклучително и поделба на власта и слобода на печатот, како и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

Според локалните медиуми, се очекува опозицијата да не го собере потребното мнозинство за отповикување на владата на Јанша, но гласањето ќе ја покаже вистинската моќ и на опозицијата и на владејачката коалиција и ќе стави крај на конфликтите на политичката сцена кои траат со недели.