Во Србија пак, за првпат беше регистриран и делта плус сојот, што претставува полоша форма на вирусот.

Делта-плус има на спајк протеинот (S) мутација „K417N“ кој што делтата го нема. Полесно се врзува за клетките на белите дробови и е потенцијално отпорна на терапија со моноклонални антитела, што значи дека може да го пробие стекнатиот имунитет.

Така, првичните симптоми кои засега се забележани се сувост на очите,чешање, отежнато дишење, треска и висока температура, силна кашлица, дигестивни проблеми, како и губење апетит

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој вчера на Белградскиот саем прими трета доза вакцина против коронавирусот, повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат.

Тој вчера изјави дека презема дел од вината што државата, како што рече, навреме не ги донела најпаметните решенија во борбата против епидемијата.