Организаторот на убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, Милорад Улемек Легија го заврши пишувањето на сценариото за бунтот на „црвените беретки“ во 2001 година, а пишува уште неколку сценарија за ТВ серии од неговиот живот. Тој од понеделникот штрајкува со глад бидејќи 11 години е во строга изолација.

Најпознатиот српски осуденик Милорад Улемек Легија (53) напиша сценарио за ТВ серија за бунтот на Единицата за специјални операции во 2001 година во затвор! Сеуште не се знае дали таа серија ќе се снима, но Легија пишува уште неколку сценарија за ТВ серии во кои ќе бидат прикажани најважните настани од неговиот живот и од тоа време.

Неговото пишување моментално го отежнува тоа што од понеделник штрајкува со глад, избегнува секаква комуникација со чуварите и одбива да оди на прошетка, бидејќи 11 години е во строга изолација.