Надрилекарството во Србија зема се поголем замав. Со појавата на короната се појавија и многу т.н лекари кои како што велат „лечат од сите болести.

Еден од нив е Мирољуб Петровиќ на кој му се заканува казна од три години затвор.Тој има свој блог и јутуб канал на кој им советува на граѓаните да не вакцинираат и да се лечат по природен пат.

Со надрилекарство се занимаваат и естетските хирурзи.Тие имаат и разработена шема како ги лажат клинетите.

Пред нивното име додаваат „д-р“ или „специјалист по естетска медицина“, иако не се. Во секој град собираат по 10 до 30 девојки кои им „набавуваат пациенти“. „Добавувачите“ шират добри зборови за нив, нивните дипломи и стручност, фотошопираат фотографии а пак за секој донесен пациент тие девојки добивале од 20 до 50 евра.