Сретко Калиниќ, еден од организаторите на атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ за весникот „Ало“ раскажа како ги минува затворските денови.Тој е сместен во еден од најдобро чуваните затвори „Забела“ каде е осуден на 40 години затвор.

Три години шетав со врзани ноз и раце по 15 минути.Тоа беше пекол.Стражарите не ми даваа да заспијам.Штом забележаа дека спијам лупаа на решетките. Тогаш од револт осум пати ги кинев лисиците на нозете.Ми требаа 15 часови да ги скинам лисиците на нозете.Сега шетам по два часа и не сум врзан-раскажува Калиниќ.

47 годишниот Калиниќ кој има прекар Звер вели дека човек што ќе помине една година во самица тој не е човек но тој се смета нормален бидејќи психички е јак.