Арената „Пушкаш“ во Будимпешта звучеше како вистинско бојно поле за време на мечот на Европското првенство помеѓу Унгарија и Франција, сето тоа благодарение на унгарските навивачи кои од се срце ги бодреа своите миленици до изненадувачко реми (1: 1), и испратија порака одбивајќи да „клечат“ пред почеток мечот.
Арената „Пушкаш“ во Будимпешта беше вистинско бојно поле за време на првата фаза на Европското првенство, преполните трибини ја бодреа, пред се, репрезентацијата на Унгарија, а тоа беше особено импресивно за време на мечот со Франција.
Храбри унгарски фудбалери успеаја да постигнат две ремија во „групата на смртта“, да освојат два бода и да се збогуваат достоинствено со Европското првенство.
Една од екипите што не успеа да ја победи Унгарија е Франција, големиот фаворит за освојување на Европското првенство, но избраниците на селекторот Дидие Дешамп не стигнаа до триумф над Унгарија, шокирани од навивањето на домашните навивачи.
Повеќе од 60.000 луѓе присуствуваа на натпреварот, а вистинската експлозија се случи по голот на Атила Фиола, кој потоа отиде во публиката.
Еден од новинарите коментира дека никогаш не слушнал поголема врева на фудбалскиот стадион.
ретходно, клекнувањето наиде на негативна реакција и во Русија, за што разговараше и селекторот Станислав Черчесов, а Унгарците отидоа чекор подалеку, бидејќи za таа пригода зборуваше и премиерот Виктор Орбан.
„Не сакам да клечам. Кога сте гостин во некоја земја, мора да ја разберете нејзината култура и да не ја предизвикувате. Навивачите реагираа како што реагираат на провокацијата. Кај нас мажите клекнуваат само пред Бога, државата и нивната идна сопруга “, истакна Орбан.
Comments are closed for this post.