Главниот уредник на весникот  „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ од утре ќе ја одлежува шестмесечна казна во Окружниот затвор нво Белград.

Тој е осуден за два твита што му ги испрати на новинарот и поранешен директор на телевизијата N1, Југослав Ќосиќ. Иако Вучиќевиќ на суд докажа дека тоа што го кажа е точно, судот му изрече затворска казна.

– Изатворот е за луѓе. Кривично сум осуден затоа што му напишав на Југоаслав Ќосиќ дека е „шиптарски платеник “врз основа на банкарска документација. Во 2019 година наидов на документацијата на која албанскиот бизнисмен Башки Умај, кого американската федерална влада го сомничи и го обвинува за тешки кривични дела, уплатил помалку од четвртина милион евра од неговата компанија во Тирана на сметката на еден од Југослав. Фирмите на Ќосиќ овде во Белград. Пишувајќи за тоа, за Југослав Ќосиќ, меѓу другото, напишав дека е „шиптарски платеник. Ме тужеше поради тоа. Јас и моите адвокати во текот на судењето докажавме дека добива пари од шиптарски бизнисмени, тој тврдеше дека ги добива за некои телевизиски работи – изјави Вучиќевиќ.