Околу пет часот утрово во близина на местото Табановиќ кај Шабац се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа четири млади лица.

Автомобилот форд фиеста со шабачки таблички се забил во дрво со голема брзина. Девојката на 20-годишна возраст, која управувала со возилото, во тешка состојба е пренесена во болницата во Шабац. Младите се враќале од ноќна забава, соопштува полицијата.