Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека ЕУ во изминатите пет години направи сериозни грешки, пред се, во економијата и миграцијата.

Говорејќи на Унгарскиот културен фестивал во Романија, Орбан кажа дека Европската комисија треба на Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ да му овозможи да одлучува за прашањата за миграцијата, пренесоа американските медиуми.

Орбан се осврна и на, како што кажа, „политичкиот активизам на Европската комисија кон унгарската Влада“, истакнувајќи дека ЕК треба да се однесува како чувар на спогодбата за ЕУ и да го напушти политичкиот активизам.

Таа не е политичко тело, не треба да има програма и да врши политички напади врз свои членки, рече Орбан.