Албанија од денеска воведува полициски час, како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели. Полицискиот час ќе биде во сила од 22 до 6 часот, а казната за непочитување изнесува 80 евра.
„Ограниченото движење почнува од денеска и ќе трае три недели што, сепак, зависи од епидемиолошката состојба со ковид-19. Од оваа одлука се изземаат само службите за итни потреби, односно секторите електродистрибуција, водовод, телекомуникации, противпожарните единици и медиумите“, информираше Огерта Манастирлиу.
Од вечерва од 22 до 6 часот се затвораат и угостителските објекти освен оние кои имаат услуга за достава, додека јавната администрација, според спецификите на секторот, ќе работи главно онлајн или со ротација, со строго почитување на протоколите.
Comments are closed for this post.