Иако претседателот на Русија Владимир Путин утре треба да пристигне во официјална посета на Србија, неговата претходница веќе неколку дена се во Белград. Припадниците на ФСО преправени во туристи, продавачи на цвеќиња или пак како бездомници ја набљудуваат секоја локација каде што Путин треба да помине.

Путин ќе го чуваат 30 најблиски агенти од Федералната служба која е наследнк на КГБ. Како поддршка ќе бидат и 5000 српски полицајци и 250 лица на БИА.

Агентите на ФСО делуваат во најголема тајност и за тоа се наречени „духовите на Путин“.  Често за време на посетите носат  и двојник на Путин како и личен готвач и дегустатор на храна.