Црногорската полиција која соработува со грчката во откривањето на убиијците на водачите на Шкаљарскиот клан им даде корисни информации. Една од нив е дека тие најверојатно користеле силиконски маски за прикривање на вистинскиот идентитет на лицето. Со овие маски практично е невозможно е да се открие идентитетот со помош на детекција на лицето.

Од она што се знае од сигурносните камери на околните објекти, бидејќи во ресторанот не биле уклучени, четворица напаѓачи се довезле со сив автомобил кој кружел околу ресторанот. Откако завршиле работа експресно се одвезле во непознат правец и за нив се уште се трага.