Бугарското Народно собрание денеска ќе одржи вонредна седница на која треба да се избере новата редовна влада на Бугарија.
Седницата ја свика претседателот на Собранието Никола Минчев по барање на пратениците.
Вонредната собраниска седница и избрзаната процедура за избор на новата влада се одржаа откако бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот на кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков, а тој веднаш ја врати папката со имињата на идните министри.
„Продолжуваме со промените”, „Бугарската социјалистичка партија”, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија“ има повеќе од потребните 121 глас во 240-чениот парламент на Бугарија.
Кирил Петков, кој се очекува да биде избран за нов бугарски премиер, ќе го замени претседателот Румен Радев како претставник на земјата на последиот за оваа година европски совет во Брисел в четврток на 16 декември, објави бугарската електронско издание „24 Часа”.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, претходно беше планирано на последниот совет Бугарија да ја претставува претседателот на Бугарија Румен Радев.
Comments are closed for this post.