Новата техничка влада на Бугарија назначена со претседателскиот указ на Румен Радев, утрово положи заклетва. Премиер во кабиетот одново е Стефан Јанев. Тој му се заблагодари на Радев за довербата и оценката за сработеното од страна на досегашниот состав на техничката влада.
-Во името на новоназначениот технички кабинет, ветувам дека на најдобар начин ќе ја оправдаме довербата, изјави Јанев.
Според него, погледите треба да бидат насочени напред, а новиот кабинет и неговите обврски треба да бидат фокусирани на организацијата на чесни и слободни избори.
-Бугарија има потреба од сигурна перспектива. Истовремено, времето што ни претстои нема да е лесно. Ни претстојат тешки месеци и ќе треба да се вложат многу напори за решавање на проблемите на граѓаните, ефикасно да се управуваат кризите и да се спречуваат нови. Техничкиот кабинет ќе ги вложи сите напори за да бидат заштитени интересите на граѓаните, изјави Јанев.
Новиот технички кабинет има тројца нови министри. Нов министер за финансии е Валери Белчев, а министерството за економија го презема Даиела Везиева. Обајцата ги преземаат местата на Асен Василев и Кирил Петков, кои влегуваат во политички проект со формирање нова партија. Третата промена е во министерството за транспорт, каде водечката функција ја презема Христо Алексиев, кој беше дел од првиот технички кабинет на Радев во 2017 година.
Comments are closed for this post.