Германскиот гигант во автомобилската индустрија „Континентал“ ја отвора втората фабрика во Србија. Ќе биде сместана во Нови Сад.Се планира и трета фабрика која ќе се наоѓа во Ниш. Ќе бидат вработени 600 работници а престседателот Вучиќ е презадоволен oд инвестицијата.

 

Ова ќе биде најголемата и најважна фабрика во Србија, сигурно ќе биде најголемиот извозник од Србија и со најголем придонес во бруто домашниот производ во Србија. ќе биде готова за помалку од една година. Ќе има околу 600 нови вработени. Суштината е во вредноста што ја создава. Секој автомобил ќе има „континентал“ дисплеи произведени во Србија-обајасни Вучиќ.