Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е содржината на наводниот нон-пејпер објавен од приштинскиот весник „Коха диторе“, јави телевизијата Н1.

Меѓу другите точки, Коха Диторе наведува дека Српската православна црква ќе има посебен статус, додека Митровица ќе биде заедничка економска зона. Според овој документ, се предвидува сите постигнати договори досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година.

Весникот нагласува дека редакцијата го добила документот за кој се вели дека е „нон-пејпер“, подготвен од Германија и Франција, како заедничка иницијатива на тие две земји за продолжување на дијалогот и негово заклучување со договор.