Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите. Тоа го соопшти за Бугарската национална телевизија претседателот на Бугарскиот стоматолошки сојуз д-р Николај Шарков.

Тој посочи дека недостатокот на профилактика, лошата хигиена и систематското занемарување на оралното здравје се причините за застрашувачката забна слика во Бугарија.

Официјалните статистики покажуваат дека 18-годишниците во Бугарија имаат просечно 6 кариеси и еден трајно изваден заб. И во возрасната група од 35 до 44 години, бројот на извадени заби се зголемува на 6.

Бугаринот не купува паста за заби. Според наши анализи, само околу 30 отсто купуваат често четки за заби и исто толкав број и паста за заби. Ова е она што се обидуваме да го промениме. Тие не си ги мијат забите. Покрај тоа, четките треба да се заменуваат на секои три месеци, изјави Шарков.