Дваесет години подоцна излегуваат нови информации за бомбардирањето на НАТО врз Србија. Во книгата „Воен херој“ на норвешките автори Ханс Петер Ос и Ролф Видерое се открива дека во акцијата на НАТО цел било да се ликвидира Жељко Ражнатовиќ – Аркан.

Аркан бил сметан за легитимна цел затоа што од Хашкиот суд бил обвинет за воени злосторства. Во првите денови од бомбардирањето НАТО имале информација дека Аркан и Цеца се наоѓаат во хотелот Југославија.

Хотелот бил гранатиран, но по грешка пилотите на НАТО ја погодиле и амбасадата на Кина што се наоѓа во непосредна близина. Потоа изби голем дилломатски скандал поради кој НАТО мораше да се извинува.