Бугарската мисица Наталија Гуркова,  вдовица на Ѓорѓе Михаљевиќ , српски бизнисмен и трговец со дијаманти, кој беше брутално ликвидиран во септември 2018 година во Јоханесбург, доби наградата за жена на годината во Бугарија.

Михаљевиќ беше брутално застрелан на 24 септември 2018 година во неговото сино „порше“ во Јоханесбург, Јужна Африка, кога двајца маскирани напаѓачи на мотор го пресретнаа додека беше на семафор и испукаа  куршуми во неговиот автомобил.

По неговата смрт таа се врати во Бугарија.Убавата Наталија беше Мис Бугарија во 1998 година и сега плени со својата убавина.