Грчката служба за статистика денеска ги објави податоците за невработеноста во Грција за месец септември што изнесува 16,1 отсто и е намалена за помалку од еден процент во споредба со истиот период лани, кога изнесувала 16,9 отсто и 16,5 проценти во август 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Процените се дека во септември годинава вработени биле 3.880.667 лица, невработените се 746.951, додека пак 3.259.023 граѓани се економски неактивни, односно лица кои ниту работат, ниту пак бараат работа.
Comments are closed for this post.