Tочно еден месец пред парламентарните избори во Грција, според нова анкета, главната опозициска партија, Нова демократија, води со 7,7 отсто пред владејачката СИРИЗА.
Вкупно 31,2 отсто од испитаниците рекле дека ќе гласаат за конзервативците, додека само 23,5 отсто ја претпочитаат СИРИЗА, а 6,1 отсто својот глас би го дале на Движењето за промени. По нив следат Комунистичката партија со поддршка од 3,8 отсто и неонацистичката Златна зора со 3,6 отсто.
Партијата на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис „Мера 25“, се очекува да добие поддршка од 2,8 отсто, а само 1,7 отсто ќе гласа за екстремно десничарската „Грчко решение”, што значи дека двете политички формации нема да влезат во новиот Парламент.
Comments are closed for this post.