Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по враќањето од Германија, изјави дека за поделба на земјата воопшто не се разговарало, бидејќи, според него, таа тема веќе не постои.

На прес-конференција во Приштина, Харадинај потенцираше дека за време на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со други германски функционери, воопшто не станало збор за таа тема.

Меркел вчера во Берлин го прими Харадинај, со кого, според соопштението од нејзиниот кабинет, разговарале за билатералните односи, надворешнополитичките прашања, како и односот меѓу Белград и Приштина.