Момче од Србија се удавило на плажа во Грција. 19-годишниот Стефан, од околината на Пожаревац, во Грција отпатувал со сестра му и вујко му и на последниот ден од седмодневниот одмор во Олимпик бич сакал за последен пат да се искапе во морето, кога се случила кобната несреќа.
Стефан се удавил во непосредна близина на празната кула за спасувачи на плажата, затоа што ден претходно спасувачката служба стапила во штрајк порада неисплатени плати.
Телото на момчето биле извадено, екипата на итна помош која пристигнала на местото на настанот се обидела да го реанимира, но нивните обиди биле неуспешни.
Родителите на Стефан веднаш пристигнале во Паралија, а неговата обдукцијата ќе се изврши во понеделник.
Comments are closed for this post.