Сирени за воена опасност ги разбуди жителите на Митровица откако специјалните косовски сили РОСУ упаднаа кај Србите. Наоружани до заби тие ги малтретираа Србите, посебно членовите на активистите во политичкиот живот на Косово.
РОСУ влегуваат во домовите, а Србите биле тепани пред очите на децата и жените. Ваквото однесување на косовските власти е одмазда поради тоа што Косово не стана член на Интерпол, а како контра мерка ги зголемија за сто проценти царините за увоз на српски производи.
Поради тоа на удар е српското население, кое купува исклучува српски прозиводи кои сега се прескапи.
Поради сериозноста на состојбата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го свика Советот на безбедност, а пак Европската комисија ги повикува двете страни на возджаност.
Comments are closed for this post.