Зголемените царини за стоката од Србија енормно ги зголеми цените на српските производи на Северот на Косово.

Утринава во продавниците во Митровица може да се забележат празни рафтови со неколку производи во нив. Па така, млекото се продава по две евра или 240 динари, јогуртот е три евра, а популарниот Плазма кекс дури седум евра.

Од денеска веќе не се диструбиираат ниту српски весници, а може да биде доведено во прашање и снабдувањето со леб и брашно.